Живот
11. July 2016 - 13:10

Не можеле да ја спречат страста: Оваа наставничка имала секс со ученик во својот автомобил

Аманда Драјер е професорка по англиски јазик во средно училиште во Ајова. Таа четири пати имала сексуални односи со ученик од училиштето во кое предава. Успешно се криеле се додека полицијата не ги фати на дело на задното седиште во автомобилот.
 
Ученикот објаснувал дека нивните средби започнале откако завршила учебната година, но тоа не било вистина. Тинејџерот и атрактивната 27-годишна професорка се состанувале често и очигледно не можеле да ја спречат страста.
 
Инаку таа била во брак веќе две години со колега професор од истото училиште. По обелоденувањето на нивната афера, професорката дала отказ, а наскоро ќе се најде и на суд.