Живот
2. September 2016 - 15:41

Не му требаат нозе за да игра фудбал: Мухамед тоа го прави вака

Мухамед Абдула (22) е голем вљубеник во фудбалот и потекнува од Бангладеш. Без оглед на тоа што останал без двете нозе не ја пропушта можноста да заигра фудбал со врсниците.

Мухамед пред 10 години ги загубил нозето во несреќа на пруга и сега работи на станицата на фериботот во главниот град Дака.

Printskrin:Youtube/Cover Asia Press

-Никогаш не мислев дека повторно ќе проодам, а не ми паѓаше напамет и дека ќе играм фудбал како и останатите луѓе по несреќата. Кога дојдов до количка, мислев дека цели живот ќе го поминам така, вели ова храбро момче.

Printskrin:Youtube/Cover Asia Press

 

-Но одлучив да се обидам и без нив. Тоа значеше дека морам да бидам независен од другите, а тоа пак дека повторно ќе почнам да одам.

-Имаше многу  тешкотитии, но успеав. Сега можам да одам и да играм фудбал како останатите луше, вели Мухамед.