Живот
11. February 2016 - 10:48

Не, ова не е фотошоп: Иден татко направил неверојатна фотографија со својата бремена сопруга!

Еден татко успеал да сними ретка сцена додека ја фотографирал својата сопруга која е во деветтиот месец од бременоста.
 
Кога сакате да направите фотографија која ќе ја покажете на семејството и пријателите за да ве видат во последните денови од бременоста, најмалку што очекувате дека во центарот на вниманието ќе биде нешто сосема друго. 
 
Токму тоа и се случило на Анџелина Мозер (31) која е во деветтиот месец од бременоста. Нејзиниот сопруг, Ден ја фотографирал на една плажа во Флорида баш во моментот кога скока делфин во водата. Идниот татко , Ден, фотографијата ја споделил на Инстаграм, а за само неколку дена го обиколи целиот свет.
 
Парот го очекува своето прво дете, момче кое ќе го наречат Кортленд Томас.