Не почна судењето за убиството на Пино
По барање на одбраната на обвинетата Ангела Ѓорѓиева, се одложи почетокот на судењето за убиството на Пинета (Пино) Секондо.
Адвокатот Еленко Миланов рече дека поканата за судењето ја добил пред 4 дена и немал време да ја спреми одбраната.
На ова реагираше Обвинителот кој го застапува предметот, Лидија Раичевиќ, и рече дека секое одложување е на штета на обвинетата.
Во судницата низ солзи ова го слушаше мајката на Пино, која откако слушна дека ќе се одложи судењето, веднаш ја напушти судницата.
26 годишниот Пинета (Пино) Секондо беше исчезнат од декември лани, а случајот во полиција беше пријавен од неговата мајка. Потрагата по Пино траеше повеќе од пет месеци, се до 29 април годинава, кога непознат граѓанин во полиција пријави дека во атарот на скопското село Љуботен е пронајден човечки скелет покриен со камења. Два дена подоцна, на 31 мај, МВР до Основното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Али Фуркан(27) и Ангела Ѓорѓиевска (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело „убиство“.
Осомничениот Али, моментално е во бегство и не е достапен да одговара за кривичното дело за кое е обвинет. Засега ќе и се суди единствено на Ѓорѓиевска.
Судењето ќе продолжи на 27 ноември.
Зоран Јаневски
Ново на Сител
-
Тема на денот со претседателката Гордана Сиљановска Давкова
-
Бугарскиот амбасадор одби да ја прими протестната нота од МНР, за Сител вели не бил прекршен ниту еден протокол
-
Протестна нота за бугарскиот амбасадор, за МНР потегот е несоодветен и неевропски
-
Радуков со позициите на Радев во МНР, одбил да ја прими протестната нота
-
Комитетот почна со истрага во М-НАВ, за неколку дена се очекува првичниот извештај
-
Уставен суд пред конечна одлука, дали да застарува извршувањето на долговите
-
Есенската кошница ќе се носи следната недела
-
Матични лекари не пропишуваат од новите лекови на Позитивната листа поради технички проблеми