Не престанува со провокациите: Мирјана третира коза како Зорица!
Иако пред 2 недели ја напушти куќата на Големиот Брат, Мирјана не престанува да постира смешни видеа на својот Фејсбук профил. Денешна мета во нејзиното видео е Зорица. Имено, Мирјана шета коза која ја нарече Зорица низ својот роден град Лакташ глумејќи новинарка. Видеото е посебно смешно доколку знаете дека Зорица самата се нарече „коза“, а останатите членови од својот клан „јариња“.
Мирјана нас не воведе во приказната со тоа што козата Зорица ја напуштила куќата на Големиот Брат неколку дена пред финалето па Мирјана ја прашува зашто тоа го направила и како се чувствува. Поранешната станарка потоа проба да ја наговори козата за прошетка низ Лакташ кажувајќи и дека и обезбедила сода бикарбона, супстанца без која станарката Зорица едноставно не може.
Мирјана и го покажува на козата родниот град со зборовите „Еве ја Зорица прв пат во Лакташ, а мислеше дека никогаш нема да дојде“. Видеото завршува со уште една слабост на Зорица - кафето, кога Мирјана ја прашува козата дали и недостасува тој напиток.
Се надеваме дека Мирјана и понатаму ќе не воодушеви со слични видеа!
Ново на Сител
-
Истрага за 43 лица за измами со „брзи кредити”, невработени лица ги прикажувале како вработени и кредитоспособни
-
Уапсени двајца скопјани, се тепале пред Градски стадион
-
Изложба на Чатмов во Чифте амам
-
СДСМ: Зошто четири недели по трагедијата во Кочани се уште нема проширување на истргата?
-
Потопло време во наредните денови
-
Од 1001 сообраќајни прекршоци вчера на територија на цела држава, 178 ги направиле пешаците
-
Спречен шверц на облека и обувки во заедничка акција на македонска и косовската гранична полиција
-
Приведен кумановец, следел и вознемирувал 27-годишна девојка