Македонија
20. September 2016 - 14:43

Не се смирува тлото под Скопје, нов потрес ги вознемири граѓаните

Земјотрес со магнитуда од 1,9 степени соред Рихтеровата скала денеска во 13 часот и 20 минути е регистриран во Скопје и околината, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Епицентарот на земјотресот е во источниот дел на скопското епицентрално подрачје и е почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Пред овој, последно беше регистриран земјотрес пред 4 дена, односно на 16. септември, во 04 часот и 55 минути, со Рихтерова локална магнитуда 1.6. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Изминатите десетина дена најсилен беше земјотресот на 11 септември се случи во 15 часот и 10 минути, со локална Рихтерова магнитуда 5.3. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VII-VIII степени според Европската макросеизмичка скала, а со послаби интензитети - и во останатите делови на Република Македонија. Во Скопје и околината настанаа извесни оштетувања на постарите градби.

Истиот ден утрото беше регистриран првиот посилен потрес во 06 часот и 58 минути, кој имаше локална Рихтерова магнитуда 3.9, а беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од VI-VII степени според Европската макросеизмичка скала. Во 06 часот и 59 минути, се случи друг земјотрес, со локална Рихтерова магнитуда 2.8, а со интензитет во Скопје и околината од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала. По ова следуваа послаби и непочувствувани земјотреси.

Дента Скопје се тресеше уште десетина пати.

Следниот ден во вечерните часови беа регистрирани два земјотреси едноподруго во 19 часот и 53 минути, со Рихтерова локална магнитуда на првиот земјотрес 2.4 и на вториот 4.0. Истите се почувствувани во Скопје и околината со интензитет на првиот III степени и на вториот од VI степени според Европската макросеизмичка скала