Небензја: Москва не планира да ја окупира Украина
Москва не планира да ја окупира Украина, а руските сили не претставуваат никаква закана за украинските цивили, ниту за цивилната инфраструктура, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја на итната, специјална седница на Генералното собрание на ОН за ситуацијата во Украина.
Како што нагласи Небензја во своето обраќање пред Генералното собрание, руската армија и силите на сепаратистичките области Доњецк и Луганск започнаа воена операција во Украина во четвртокот по неколкумесечна ескалација и неколкунеделни артилериски, минофрлачки и снајперски напади на украинските сили во зоната на конфликтот во Донбас.
– САД и нивните сојузници одговорија со воведување нови санкции кон Русија и ветување дека ќе испратат оружје во вредност од над една милијарда долари во Киев, истакна Небензја.
Постојаниот претставник на Руската Федерација во ОН истакна дека „целта на оваа специјална операција е заштита на луѓето кои осум години се изложени на злоупотреба и геноцид од страна на украинскиот режим“ и посочи дека е неопходна демилитаризација и денацификација на Украина.
– Ние, исто така, ќе настојуваме да ги изведеме пред лицето на правдата оние кои извршија бројни, крвави злосторства против цивилите, меѓу кои имаше и руски граѓани, истакна Небензја, повторувајќи дека руската воена операција вклучува користење на правото на Москва на самоодбрана „од режим кој се обиде да го врати пристапот кон нуклеарно оружје“.
Ново на Сител
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун
-
Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
-
Лејкерс ќе подигне статуа во чест на Пет Рајли
-
Скопје 6-ти најзагаден град во светот
-
Познати сите четвртфиналисти во Лигата на нации
-
Академијата Ф1 го претстави календарот за женските трки за 2025 година
-
Русија ќе се брани со нуклеарно оружје доколку е цел на ракетен напад, Путин потпиша декрет