Небото над источна Франција обоено жолто од песок од Сахара
Песок од Сахара го обои небото во жолта и окер боја на источна Франција, Феноменот, е импресионирачки, но тој се случува редовно, наведе Метео Франс.
Небото доби окер тонови, воздух полн со прашина, слој песок што ги покрива автомобилите и пригушена атмосфера. Песокот од Сахара оваа сабота се надви над Франција. Овој метеоролошки феномен, што не е невообичаен во зимскиот период, зафати голем дел од источниот дел на земјата, од Прованс до регионот Бургоњ-Франш-Комте, се до Лорен.
„Ова не е апокалипса или доаѓање на вонземјани“, веднаш предупреди со многу хумор Метео Франс. Феноменот се случува редовно.
-Секако тоа е импресивно, но прилично класично, подвлекува Оливие Пруст, прогнозер во агенцијата за метеорологија.
Тој тоа го објаснува со студениот воздух ѓто се наоѓа високо и паѓа во Мароко и носи силни ветрови над северозападна Сахара. Овие одржливи струи, што носат песок, се протегаат се до Франција.
-Овој феномен често пати се случува од есен до пролет, додава Оливие Пруст.
Врнежите од песок почнаа вчера и се засилија денеска наутро. Дождливиот период што денеска циркулира низ земјата ќе го насочи овој феномен кон централна Европа.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
