Неда Украден објасни - Еве зошто ja објавила фотографијата со покојната Уснија Реџепова
Фотографијата која Неда Украден ја објави на социјалните мрежи, а на која позира покрај Уснија Реџепова само неколку дена пред нејзината смрт предизвика лавина на негативни коментари.
На пејачката најмногу и се замерува што насмеана и нашминкана позира покрај својата колешка, која лежи во болничкиот кревет исцрпена од тешката болест со која се бореше три години.
Во изјава за еден српски медиум, Неда вели дека ја посетила својата пријателка и убаво си разговарале.
- Да, фотографијата е автентична. Ја посетив својата пријателка пред околу 3 недели. Ни беше многу убаво, ме молеше да не си одам, вели Неда.
Во однос на негативните коментари и осуди по објавувањето на нејзината фотографии, пејачката со коментар:
- Знаете што, многу ми беше важно и ми значеше да ја видам својата пријателка. И сакам да ми остане спомен со неа, додава Украден.
Ново на Сител
-
Препознавање и совети за негување и поддршка на дарбата кај едно дете
-
Вучиќ: Ден после „Рибникар“ странски служби бараа да им го предадеме малолетниот убиец
-
Македонското МНР: Нашите мисли се со народот на Црна Гора
-
Од утре дожд и снег
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора