Неексплодирана артилериска граната пронајдена во Лешок

Неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри била пронајдена вчера во непосредна близина на бензинската пумпа во Лешок, на земјоделска парцела што се наоѓа на десната страна од регионалниот пат Тетово - Јажинце, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Гранатата околу 15 часот ја пронашол Е.С.(51) од тетовското село Слатино додека со багер изведувал градежни работи на местото. Тој веднаш го известил сопственикот на градежната фирма по што двајцата го пријавиле случајот во полиција.
- Извршен е комплетен увид со учество и на претставници од Дирекцијата за заштита и спасување. Местото и гранатата се фотодокументирани по што експлозивното средство е подигнато и безбедно транспортирано за натамошна постапка односно уништување. Гранатата била значително корозирана, без видливи ознаки и се претпоставува дека потекнува од постаро време, изјави Јосифовски.
Ново на Сител
-

Манасиевски: Остатоците на СДС и ДУИ во правосудството повторно одработија во нивна корист
-

Протест во Приштина за поддршка на водачите на ОВК, пред пресудата во Хаг
-

Тема на денот со Марјан Николовски, професор по безбедносни науки
-

Општина М.Брод ќе субвенционира 50% од сумата за возачки за средношколците кои ќе се запишат во СОУ „Свети Наум Охридски“
-

Четворица кандидати ќе се борат за градоначалничкото место во Брвеница
-

Премиерот најави дека МВР следи неколку случаи за барање мито во државни институции
-

Новата когенеративна централа треба да го поевтини парното греење
-

Фич го потврди кредитниот рејтинг ББ+ на земјава
