Некогашни жители на Рајчица го одбележаа патронот на возобновената селска црква

Поранешни жители и нивните потомци, кои денеска живат во Скопје, Охрид и во Дебар, денеска го одбележаа патронот на на пред седум години, возобновената црква „Свети Атанасиј Велики“, позната меѓу мештаните и како „Свети Атанасија-Летни“, во дебарското село Рајчица.
Одбележвањето почна со палење свеќи за здравје, а потоа и богослужба која ја одржа архиерејскиот намесник на Дебарската парохија Миле Ангеловски, во сослужение со сестрите од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“.
- Се до шеесетите години од минатиот век, само во оваа, една од четирите маала на селото Рајчица, живееле повеќе од 20 православни семејства, денеска ни едно. Со нивното иселување црквата останала на забот на времето и речиси целосно беше оштетена. Ете со божја промисла Киро Радоешки ја возобнови и денеска сум тука каде што моите предци се крштевале и венчавале, вели Зафир Раички.

Благодарение на ктиторот Киро Радоешки, врз чии плеќи тежат осумдесет и шест лета, чија душа, како што самот вели, не можела да се смири се додека не го возобнови разурнатиот божји храм, денеска црквата го има приближно истиот лик, како порано.
Кум на празникот беше семејството на Перо и Снежана Радоешки.
Црквата „Свети Атанасиј Велики“ започнала да се гради на место каде што постоела помала црквичка, во 1868 година, а била осветена во 1875 година. Неколкупати била уривана, но повторно обновувана. Возобновената црква беше осветена 2011 година.
Ново на Сител
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
-

Во угостителски објекти во Тетово пронајдени дрога и ладно оружје
-

Приведена жена во Гевгелија, од вработена во болницата украла телефон
-

Реставрирани уште две скапоцени дела од Бигорската ризница
-

По случувањата во Гостивар, министерот Клековски во посета на Општата болница
-

Повеќе од 100 куќи уништени во пожар во Норвешка
-

Иранската војска соопшти дека нападнала база за американски дронови и главен центар за ВИ во Бахреин
