Живот
15. July 2015 - 10:23

Неколку постапки кои откриваат дека ТОЈ е лудо вљубен во вас!

Еве кои постапки ќе ви „шепнат“ дека ТОЈ дефинитивно е заљубен во вас:
 
– Ве опсипува со комплименти кога најмалку ги очекувате. И кога сте по пижами, без шминка, разбушавена, па и кога нервозно гледате во вагата затоа што покажува неколку килограми плус, тој е ваш обожавател. Вие сте секогаш најубава во неговите очи.
 
– Ги помни ситниците кои ги спомнувате, а потоа ги користи за да ве усреќи. Често вашето омилено цвеќе се наоѓа во неговите раце, а вашите најдраги песни ги разубавуваат интимните ноќи. Нему не му летаат мислите кога вие зборувате за нештата кои ги сакате.
 
– Умее да пронајде нешто позитивно во специјалитетот кој е ваша најголема кулинарска катастрофа. Сѐ со цел да ви покаже дека го цени вашиот труд, дури и кога резултатот не е баш најсјаен
 
– Ја покажува до максимум својата смисла за хумор за да ви го обои денот кога единствената боја што вие ја гледате е црната. Дава сѐ од себе за да ве упати кон светлото во тунелот и да ве разведри во најлошите денови.
 
– Вашиот успех е негова гордост. Јасно ви дава до знаење дека вашата среќа е и негова.
 
– Ви дава добронамерни критики кога сте сами, но во јавност, тој ви е најголем заштитник. Кога нештата ќе тргнат во лош правец, тој е штитот кој стои меѓу вас и останатиот свет.
 
– Има огромна почит кон вас, дури и за време на жестока расправија од неговата уста не излетува навредлив збор за вас, ниту во моментите кога го обзема бес.
 
– Не се плаши да ја „разголи“ својата душа пред вас. Често ви ги доверува своите чувства и безрезервно ви верува. Емоционалната интимност е голем предизвик за мажите, а таа постои меѓу вас.
 
– Ви се јавува со една единствена цел – да ви го чуе гласот. Има ли потопло чувство од тоа кога знаете дека ве побарал без причина?
 
– Со него секогаш се чувствувате како дама, затоа што тој се однесува така кон вас. Неговите џентлменски манири се доказ за тоа колку вредите за него.
 
– Вашето мислење има моќ да ги промени неговите одлуки. Важно му е да го чуе вашето мислење и никогаш не ги отфрла вашите совети без да ги разгледа како опција пред да донесе финална одлука.
 
– Не му е проблем да ја голтне машката гордост и да каже „извини“. Никогаш не ви ја префрла вината вам за неговите грешки.
 
– Ве дочекува со широка насмевка на лицето и тогаш кога доцните.
 
– Вложува напори да ги освои вашите пријатели и вашето семејство. Не му е сеедно што мислат за него вашите блиски. Тој сака да го видат во најдобро светло, тој сака освен вас да го освои и вашиот свет.
 
– Цврсто стои покрај вас е кога сте најсреќни, но и кога сте во најлошо светло.Врските не се состојат само од насмевки и рози, тие понекогаш имаат трња, но тоа не му пречи на вашиот партнер. Тој често знае да подголтне пред вашата нервоза, да издржи додека сте во ПМС и да биде ваше рамо за плачење кога се чувствувате како да ви се руши светот.
 
– Нежно ве бакнува на челото додека спиете без намера да ве разбуди. И понекогаш ужива занесено да зјапа во вас додека патувате во светот на соништата. (Ако го фатите во таков момент, подарете му го најнезаборавниот бакнеж.)
 
– Кога зборува за иднината, забележувате дека вие сте во неа. Неговото „јас“ се претвора во „ние“.