-->
-->
Неколку работи кои не сте ги знаеле за Ники Лауда
-->
Откриваме интересни факти кој веројатно не се знаеле за овој легендарен Ф1 возач.
Еден од најдобрите и најпознатите Ф1 шампиони почина во понеделникот на 20.мај на 70-годишна возраст. Ники Лауда пред неколку месеци имал трансплатација на белите дробови, после тоа бил на долго боледување, но во јануари 2019 година, тој заврши во болница поради пневмонија. За жал, Ники повеќе не издржа и во понеделникот во доцните часови починал.
Ники Лауда титулите ги освојуваше во 1975, 1977 и 1984 година, а возел на 171 патеки.
Ќе остане запаметен како возач кој преживеа стравична несреќа во која за малку ќе настрадаше и поради која огромниот дел од неговата кожа беше запалена во пожар.
За да се потсетиме на неговата величина и генијалност, одлучивме да ви преставиме 5 факти кои веројатно не сте ги знаеле и кои ќе ве натерааат Лауда да го засакате уште повеќе:
- Заработуваше милиони бидејќи носеше капи
Поради несреќата во која ја оштетил кожата, Ники често носеше капи кои подоцна стана и негов заштитен знак. Поради тоа, многу компании му плаќале огромни пари за своите реклами да ги сртаваат на предниот дел од капата.
Семејството не го поддржувало во трките
Ники потекнува од богата и моќна фамилија која не го поддржувала тркањето и таквиот вид на спорт. Ники со години се противел и се буниел на своето семејство за подоцна да ги прекине контактите со нив и тргнал по потрага по своите соништа.
Не ги сочувал сите трофеи
Лауда многу пати се качуваше на победничкиот подиум и говореше дека има преголем број на трофеи, па многу и ги донирал, а некои дури и ги менувал за работи кои му се допаѓале. Другиот дел од трофеите ги подарувал. а некои и ги донирал во добротворни цели.
Основач е на своја авиолинија
- Лауда авионлинијата ја основал во 1979 и постоела се до 2013 година кога ја купила компанијата Austrian Air.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош