Неколку скопски наслеби и села утре без струја
Корисниците од Бела Земја, како и дел од корисиниците од Кадино, Хавеп, село Марино и Млин Кадино во општина Илинден утре од 8:15 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат и корисниците од улиците „Виничка“, „Вашингтонска“, „Нов живот“ и „Дринска“ во општина Шуто Оризари, како и корисиниците од селото Долно Свиларе, Амбуланта и Пилана во општина Сарај.
Во периодот од 9 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат и корисниците од селата Осинчани, Елово, Малчиште, Црн Врв, Нова Брезница, Јаболци, Патишка Река, Држилово, објектот на РудПроект и Хидроцентралата во село Патишка Река.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на ЕВН Македонија АД.
Ново на Сител
-
Парламентарни избори во Косово
-
Трамп телефонски разговарал со Путин
-
Николоски: Поголем проблем во судството од корупцијата е немањето морал и однос кон јавноста
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди