-->
-->
Неколку страници содржи објаснувањето на Русковска за СМС пораката
-->

Обвинителката Вилма Русковска во писмен допис напишан на неколку страници го објаснува случајот со заканувачката СМС порака. Според информации на Сител, обвинителката детално го анализирала случајот, а во дописот ги навела сите околности за таквата реакција.
Писмената изјава на Русковска освен до Советот на јавни обвинители, испратена и од државниот Јавен обвинител, Љубомир Јовески, а на нивните адреси, дописот е испратен утринава.
Од јавнообвинителскиот совет велат дека во текот на денот, изјавата на Русковска ќе биде анализарана по што дополнително ќе го соопштат нивниот став.. Објаснуваат дека не можат да имаат правен став, а евентуална одговорност може да утврди единствено државниот обвинител.
Претходно, Советот на јавни обвинители побара објаснување и од Апелациониот суд кој ја донесе одлуката за ослободување на Катица Јанева. Судот синоќа ја објави и одлуката во која наведува дека обвинетата жена е самохрана мајка, нејзината здравствена состојба е многу влошена и потребни и се подобри услови заради зачувѕување на нејзиното здравје.
Зоран Јаневски
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одбележан 4 април, Денот на тутунските работници - се бара поголема поддршка од државата
-

За прв пат Лазарева поворка во Охрид
-

Потрага по пилотот на соборениот американски авион во Иран
-

Преглед на вестите од светот
-

Што државата треба да преземе за да се справи со кризата
-

Тема на денот со Зоран Јовановски, економист
-

Психолог од Битола во притвор, осомничен во истрага за детска порнографија
-

Државата ќе проценува кои препораки за штедење гориво се применливи кај нас
