Македонија
29. January 2022 - 17:22

Нелегална ловна пушка пронајдена во „југо“, уапсен 50-годишник

На 28.01.2022 во 13.00 часот на регионалниот пат Прилеп-с.Витолиште, на место викано „Брест“, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Старавина бил лишен од слобода В.Ј.(50) од с.Штавица, прилепско, кој управувал патничко возило „југо скала 55“, со прилепски регистарски ознаки, велат од МВР.

При извршена проверка кај него била пронајдена и одземена ловна пушка „хуглу“ калибар 12мм, за која не поседувал дозвола. В.Ј. бил приведен и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.