-->
-->
Нема да верувате но овие пет луѓе навистина постоеле!
-->
Ова е листа на пет луѓе кои имале необични и ретки физички деформации, но сепак тие имале нормален живот.
Во минатото ги нарекувале изроди, ги исмејувале јавно и ги прикажувале на селски настани, но некои од нив заработувале пристојно од своите "различности".
Ела Харпер, позната како "девојката камила"
Така ја нарекле поради тоа што наместо на две одела на четири нозе. Ела е родена со чудно ортопедско пореметување, поради кое нејзините нозе се насочени во спротивна насока од нормалната. Работела во циркус и заработувала импресивни 200 долари дневно. Живеела од 1870 година до 1921.
Фани Милс, позната како "Госпоѓата Голема Нога од Охајо"
Фани имала Милроуова болест поради која нејзините нозе нараснале до абнормално големи димензии. Нејзините стопала достигнале максимална должина од 43,2 сантиметри.
Маурис Тилет, познат како "Француски анѓел".
Маурис во почетокот на 20-тиот век бил два пати шампион во бокс во тешка категорија и филмска ѕвезда во текот на 40-тите години. Како тинејџер откриена му е акромегалија поради која коските имаат прекумерна раст.
Френк Лентини, познат како "Големиот Лентин"
Френк имал потполно функционална трета нога, која останала како преостанат одвоен дел од неговиот сијамски близнак. Го поминал животот по циркуси во САД, се оженил и имал неколку деца.
Џин Либера, познат како "Човекот со двојно тело"
Џин имал паразитски близнак кој бил "закачен" на неговите гради. На рендгенските снимки се гледа мала глава од 15,2 сантиметри во внатрешноста на неговото тело. На неговиот близнак му е дадено има Џек.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Изгласана Резолуцијата за Сребреница во ОН – 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот:
-
Тројца повредени во сообраќајка на крстосницата кај Башино Село на автопатот над Велес
-
Претседателката оствари телефонски разговор со Зеленски: Украинскиот народ може и во иднина да смета на македонското сојузништво
-
63-годишен маж демнеел женско лице од Дебар по што и го украл телефонот на работното место
-
Графитите избришани, сторителите непознати, насликана нова содржина на монументот на гостиварскиот кеј
-
Левица: Црква изградена во 1874 година настрада од минирањата на „Бехтел и Енка“
-
Потврден 30-дневниот притвор за врховнот судија Георгиев
-
110 пушки од Првата светска војна пронајдени при ископ во Старата касарна во Битола