Нема излевање на реките, водостојот незначително зголемен

Врнежите од дожд во изминатите два дена предизвикаа незначително зголемување на водостојот на реките во државата и не е забележано излевање на водата од нивните корита.
Од Управата за хидрометеоролошки работи не очекуваат излевање кај поголемите реки, додека кај помалите реки и суводолиците можно е брзо зголемување на водостојот доколку врнежите бидат поинтензивни, дури можни се и локални излевања при силни интензивни врнежи.
Во градските средини доколку нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, можно е излевање на водата по градските улици и подвозници поради неможноста за нејзино впивање или запушување на канализационата мрежа.
При силен ветер можна е и појава на бранови на природните езера.
Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде во текот на денешниот ден и за време на викендот се најавуваат поројни врнежи од дожд.
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
