Нема нов случај на „јазлеста кожа“ во Демир Капија
Интензивно се следи состојбата со болеста „јазлеста кожа“ на фармата во Демир Капија и засега нема нов случај на заболено животно, информира денеска ветеринарниот инспектор Илија Ѓелов.
Според него, и ситуацијата во регионот е под контрола поради што не се очекува ширење на болеста, па ќе нема и дополнителни штети.
- Веднаш штом се појави болеста, по налог на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) беше поставена бариерата за деизнфекција на сите возила при влез и излез од Демир Капија. Целта беше да се спречи еден од начините за ширењето на вирусот кој е причинител на болеста, согласно законските прописи, рече Ѓелов кој работи во кавадаречката подрачна единица на АХВ и е надлежен за општините Неготино и Демир Капија.
Ѓелов, како што нагласи, е постојано во координација со ветеринарните друштва кои работат на оваа проблематика во регионот, а и самиот ја контролира ситуацијата на терен.
Ново на Сител
-
Истрага од Комисија за судир на интереси против хрватскиот претседател бидејќи ја однел сопругата на ЕУРО 2024 во Германија
-
Времето лечи се | Катерина Ангеловска | Личен Развој | Sitel Podcast 047
-
На „Табановце“ се чека околу 15 минути за влез во државата
-
Нема промена на Рамката
-
Донесени дополнувањата на Законот за енергетика со кои треба да се спречи поскапување на струјата
-
Советници на Трамп му предале план за запирање на американската воена помош на Киев доколку не разговараат за мир со Москва
-
Предлог законот за дополнување на Законот за енергетика, по скратена постапка, проследен на натамошна постапка во Собранието
-
ЕУ ја продолжи заштитата на украинските бегалци до 2026 година