Нема опасност од поголеми поплави, оценува ЦУК
Нема опасност од поголеми поплави по зголемените врнежи во земјава, оцени денеска Главниот штаб за управување со кризи на својата 10-та седница која се одржа преку видеоконференциска врска.
На седницата, како што информираат од ЦУК, освен превземените мерки за справување со кризната состојба прогласена поради КОВИД-19, била разгледана и актуелната ситуација со врнежите од дожд.
Во однос на преземените активности во борбата против пандемијата, било истакнато дека преку координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи и со рационално искористување на расположливите национални ресурси ќе се обезбеди поголемо и сеопфатно дејствување во правец на превенција и спречување на ширењето на вирусот.
– Тоа се настојува да се извршува преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационално и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси, тековно, а и за нареден можен период во поглед на координирани активности за претстојната вакцинација, се вели во соопштението од ЦУК.
Оттаму информираат дека освен со Црвениот крст, во постојана координација се и со граѓанските организации што, според в.д директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, е со цел да се проширува фронтот за борба против пандемијата.
Ново на Сител
-

Мицкоски оптимист по средбите со Мерц и Макрон
-

Филипче: Самитот во Тиват испрати јасен сигнал дека западниот Балкан припаѓа во ЕУ
-

Почна полагањето на државната матура - над 14.500 ученици седнаа на жешките столчиња
-

Се крои новата цена на парното, старите цевки летово ќе поминат „стрес-тест“
-

ИЈЗ го отвори првото државно психолошко советувалиште за деца и младинци
-

Струмичката болница доби кабинет за менаџирање на дебелината
-

Ургентен центар за два региони во КБ - Штип
-

Марш за Скопје без бариери
