Нема опасност од рестрикции за вода за пиење во Гевгелија

За време на најголемите летни горештини, гевгеличани се обезбедени со доволни количини вода за пиење од бунарските подрачја кај Моин и реката Вардар.
Комуналците велат дека штедроста на бунарите и покрај сушниот период е се уште задоволувачка за потребите на гевгеличани, за кои засега нема опасност од рестрикции.
Во некои делови од градот како и во повисоките катови од станбените згради во попладневните часови се чувствува послаб проток на водата поради намалениот притисок од прекумерната употреба, но сепак задоволени се основните потреби на граѓаните.
Според комуналците, најголема потрошувачка на вода во Гевгелија се регистрира секој ден по 18 часот кога граѓаните ги наводнуваат цвеќињата и зелените површини во дворовите или земјоделските култури засадени во близина на домовите.
Во тој период потрошувачката на вода, велат тие, се зголемува од 130 на 190 литри вода во секунда, но системот има доволно вода и покрај тоа што еден од бунарите во Моин е вон употреба.
Ново на Сител
-

Татко го пронашол починато своето бебе во семејниот дом
-

Пад од 47 проценти на закупот кај становите, 12 проценти раст кај деловните простори
-

Леброн за неговата иднина: Немам што да докажам, сè сум направил, сè сум видел
-

Мицкоски: Има кус пат до ЕУ, но со понижувачки предизвици, ние го избираме потешкиот, со кој местото ќе го заслужиме со квалитет и резултати
-

22-годишник се претставил како друго лице за да избегне сообраќајна казна
-

Прегазен 79-годишен пешак во Скопје
-

15-годишно мoмчe со нoж пробoдeлo врсник во училиште во Ченто
-

СЗО: Опремата за рехабилитација за Газа заглавена на граница
