Бизнис
21. February 2019 - 19:41

Нема решение за вишокот индустриско јаболко

Решение за проблематичните 50 илјади тони јаболка нема. Интервентната мерка три денари за  откуп на килограм јаболка нема да се продолжи.

Но за  проблемот ќе се преговара и во наредните денови. А за тоа со каква мерка ќе им се помогне на овоштарите  ќе се знае по завршувањето на  председателските избори. 

Сепак на состанокот во министертвото за земјоделство е договорено тие  предвреме да ги добијат субвенциите, наместо до крајот на јуни до 31 март.

Овоштарите побараа државата да се насочи  и кон освојување на нови пазари  каде ќе може да се пласираат македонските јаболка. Посочија дека се неопходни  и нови откупни центри и  преработувачки капацитети.

Во моментов најголем пласман на македонското јаболко има во Русија но и таму е преполовен, Бугарија и Ирак. Се преговара за извоз и во Египет.