Свет
18. November 2018 - 14:37

Немири во Холандија: Помошникот на Дедо Мраз предизвика судири меѓу неговите приврзаници и противници ширум земјата


Поддржувачите и противниците на „Црниот Пит“, холанската верзија на помошникот на Дедо Мраз, се судрија денеска на повеќе места во Холандија.

Полицијата во Ротердам соопшти на Твитер дека три лица се уапсени по судирите на поддржуачите и противниците на „Црниот Пит“ во тој град.

Во градот Леварден, на северот од Холандија, полицијата спречи судир на два табори, а слична ситуација имаше во блискиот Гронинген, додава агенцијата.

Полицијата исто така делуваше и во Хаг, раздвојувајќи две груп за да спречи можни судири.

Според пишувањето на холандские медиуми, фудбалски навивачи се судриле со противниците на Црниот Пит во Ајдховен. Денеска во Холандија се слави „Синтерклас“, митска фигура инспирирана од Свети Никола.

Во Холандија, тој претставува заштитник на децата и се преославува секоја година, првата сабота по 11 ноември.

Денешните прослави се наменети за децата, а холандскиот премиер Марк Руте повика на мир. За да се соживеат во улогата на Црниот Пит, белци своите лица ги фарбаат со црна боја, што се смета за расистички чин.

Црниот Пит стана фигура која предизвика поделба во холанското општество и речиси секоја година избиваат протести.