Живот
18. April 2016 - 13:35

Нему не му треба Сандра Африка: Еве со кога момчево замина на матура

Дру Холм немал девојка, па неговата прабаба Кети одлучи да му биде придружба, што тој го сфати многу серозно.

Тој отишол кај директорот на училиштетот и рекол дека на танц сака да ја донесе својата 93 години стара прабаба. Рекол дека таа е најубава жена во неговиот живот, а прабабата, тоа, секако со доза на хумор, го прифатила.

Дру и Кети се појавиле на средношколскиот танц и заслужија аплауз. Танцувале и се забавувале како никогаш до сега. Дру не обраќал многу внимание на тоа што мислат школските другари за неговиот избор за придружба.

Откако завршил танцот, Дру и нашол и девојка. Што се однесува до прабабата, таа рекла дека овој танц и бил најубав во животот, иако не и единствен.