Живот
29. November 2018 - 21:32

Необичен гостин во Ватикан: Глувонемо дете ја прекина ауденцијата, ама не го интересираше папата

Љубопитно шестгодишно дете ја прекина неделната аудиенција кај римскиот папа во Ватикан.

Глувонемото дете дотрчало на подиумот среде церемонијата.

Меѓутоа, вниманието на детето не го привлекол папата, туку војник на швајцарската гарда, облечен во старински костим, кој стоел покрај папата.

Детето прво го фатило стражарот за ракав, му ја допрело облеката, а потоа дошло до престолот на папата.