Необичен метод за отстранување на дамки: Потребни ви се само 2 состојки и има едно важно правило
Мајка од Австралија доби илјадници позитивни коментари и заблагодарувања, откако на Интернет го сподели својот необичен трик за отстранување на дамките.
Зборувајќи во австралиската Фесјбук група „Мајки кои чистат“ на тема за дамките на тепихот, една жена открила како таа тепихот најпрво го прска со мешавина од оцет и вода, потоа става преку истите крпа и со пегла вклучена на највисоката температура, во времетраење од 15 секунди, поминува преку крпата, а потоа со кратко триење, дамката се отстранува.
„Една моја пријателка ми го предложи овој трик и не ми се веруваше, триков навистина функционира!“- напиша жената, притоа постирајќи ги доказите на дело со фотографии од пред и потоа.
Таа вели дека трикот совршено функционирал за сите теписи во нејзиниот дом, но дел од останатите жени не се согласиле.
„Овој трик ми го уништи тепихот“- додала една од жените.
Но, потоа дел сугерирале дека препорачаните 15 секунди мора точно да се запазат и ниту секунда повеќе не смее да се поминува врз тепихот со пеглата.
Друга пак додадала, дека наместо вода и оцет, може да се користи сок од лимон и преку крпата да се помине со пегла на пареа, не со стандарните пегли.
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп