Балкан
6. November 2023 - 7:59

Необичен случај во Сараево - Маж украл 150 евра од паричник на мртов човек

Бизарен случај во Сарајево украдени 150 евра од паричник на мртов човек.

Медицинскиот персонал случајот го пријавил во полиција, а сторителот се уште не е откриен.

На уредниците на Аваз им се обратил Ж. Ј.кој рекол дека на 22 септември на Клиниката за абдоминална хирургија починал неговиот брат З.К., пренесува Српскаинфо.

– Од паричникот на мојот брат беа украдени околу 150 евра ноќта меѓу 22 и 23 септември, кога тој веќе беше мртов. Таа сума била наведена во записникот од смената во КЦУС што работела таа вечер, а утрото смената повикала полиција бидејќи немало пари – изјави Ж. Ј.

Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево потврди дека кражбата била пријавена во полициската управа Центар Сараево.