Неопходен координиран пристап против родово заснованото насилство
Премиерот Зоран Заев денеска повика на координиран и искрен пристап на сите институции, сите министерства, во справување со родово заснованото насилство и за усвојување на потребните законски измени. Во тоа, како што нагласи, координацијата меѓу министерствата за труд и социјална политика, за здравство и за внатрешни работи е од клучно значење.
- Да не заборавиме дека ова е обврска на целата Влада, на целото општество кое мора цврсто да се спротивстави и да каже не за насилстовто врз жените, рече Заев на настанот „По ратификацијата: што е следно по Истанбулската конвенција“.
Тој потсети дека веќе е формирано активно национално координативно тело против семејно насилство кое треба да прерасне и да се трансформира во национално координативно тело против родово засновано насилство.
- Со одлука на Владата ја формиравме интересорската советодавно консултативна група за еднакви можности на жените и мажите, рече Заев. Додаде дека Владата е подготвена да работи на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените.
Настанот е во организација на Канцеларијата на ОН во Република Македонијна по повод Меѓународниот ден на жените, а покрај Заев се обратија и министрите за здравство и труд и социјална политика, Венко Филипче и Мила Царовска.
Ново на Сител
-
Албанија „ќе увезе“ 40.000 работници од Филипините
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
Постепено забрзување на економскиот раст и просечна инфлација од 3,5 отсто, предвидува Народната банка
-
До четврток посвежо со локална нестабилност и пообилни врнежи
-
Германската амбасада со честитки до Силјановска Давкова за преземањето на нејзината улога како прва жена претседател
-
„Политико“: Силјановска-Давкова предизвика расправии со Грција уште при полагањето заклетва
-
ДИК ќе одлучува по однос на пристигнатите приговори од парламентарните избори
-
За брзо возење казнети 553 возачи