ОН: Неопходна е помош за 170.000 лица кои се под опасада во Сирија

Околу 170.000 луѓе, кои се во реони под опсада во Сирија, се уште не добиле меѓународна помош, изјави денеска во Женева генералниот секретар на Норвешкиот совет за бегалци и копретседател на Работната група за хуманитарна помош во Сирија Јан Егеланд.
Тој изјави дека според проценка на Обединетите нации во 17 региони под опсада живеат 480.000 луѓе. Во последните денови копнени конвои испорачале помош на околу 110 000 Сиријци во овие области. Покрај тоа почнала операција за испорака на помош по воздушен пат за 200.000 жители во градот Дејр ал Зур, опколени од групата „Исламска држава" .
Егеланд изрази надеж дека наскоро ќе биде доставена помош на 170-те илјади Сиријци, кои се уште не ја добиле, пренесува ТАСС.
Според него, планираниот прекин на воените дејствија во Сирија треба да го спаси цивилното население од „бездната" и да стави крај на „црната глава" од опсади.
Советникот на ОН инсистира да бидат испратени конвои со помош во Алепо, Хомс и другите области под опсада во Сирија.
Ново на Сител
-

Пропадна изборот за член на Антикорупциска, ќе се распишува нов оглас
-

Тема на денот со Миле Цеков, пратеник од ЗНАМ
-

Дизелот поскапува за 3.5 денари, цените на бензините остануваат исти
-

Трамп ги одложи нападите врз иранските електрани на 5 дена
-

ФЗО констатирал злоупотреби кај секое 5-то издадено боледување на вработени во МВР
-

Средба Муцунски - Кос во Брисел, се бара достоинствено решение на спорот со Бугарија
-

Мицкоски потврди - владина реконструкција во мај или јуни
-

Препораките на ОБСЕ/ОДИХР - основа за измена на изборниот законик
