Свет
26. December 2015 - 20:20

Непознати напаѓачи нападнале група мажи во Берлин, еден загинат

Непознати напаѓачи нападнале денеска четворица мажи на улица во германската престолнина. Едно лице загинало, соопшти претставник на полицијата, прецизирајќи дека тројца се здобиле со повреди од огнено оружје и убодни рани, јави ТАСС.

Инцидентот се случил попладнево во берлинскиот реон Вединг. Напаѓачите биле со возило, со кое побегнале по инцидентот.

Засега не се познати причините за нападот. Истрагата е во тек.