-->
-->
Непријателот број еден на Путин: "Тој е мафијашки шеф со нуклеарно оружје, знам дека сум прв на листата за отстрел"
-->
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2018/october/dnjfnjegrnj-195637.jpg?itok=ey3CxoWO)
54-годишниот Браудер се плаши дека токму неговото име е на врвот на листата на Путин за луѓе кои треба да се елиминираат, и вели дека рускиот претседател ја води Федерацијата на начин таа да им користи само на своите лидери.
"Владимир Путин е како шеф на мафија која под своја контрола држи суперсила. Има многу тирани кои водат мали држави по Африка, но ова е мафијашки шеф со нуклеарни бомби", вели Браудер и додава дека Путин создал Русија чија единствена смисла е постојано богатење на луѓето на врвот.
Браудер станал непријател на Путин откако станал најголем странски инвеститор во Русија преку компанијата "Hermitage Capital Menagement" се до 2005. година, кога мистериозно му било забрането повторно влегување во Русија.
Тврди дека неговиот адвокат Серегеј Магнитски бил претепан до смрт во затвор во 2009. година по откритието дека 176-те милиони фунти данок кои ги платила неговата компанија ги украле корумпирани државни службеници, и дека парите на крај завршиле во џебовите на луѓе поврзани со Кремљ.
На руска телевизија во 2016. година бил прикажан документарец во кој се тврди дека Браудер е агент на ЦИА кој го регрутирал опозиционерот Алексеј Навални, по што Навални поднел тужба.
На залагање на Браудер бил изгласан законот Магнитски, кој им овозможува на државите да одбиваат влезни визи и замрзнување на средства на странци осомничени за перење на пари. Законот го усвоиле шест држави, вклучувајќи ги и САД и Велика Британија. Законот отворил и серија истраги за руско перење на пари во 15 држави, што наводно до толку го разлутило Пуитн, што побарал од Доналд Трамп да му го предаде Браудер, иако овој е сега британски државјанин.
Браудер води неколку компании во Лондон, а сам вели дека има две цели - правда за Сергеј преку судски тужби и законот Магнитски да се усвои во повеќе држави. Инвеститорот со американско потекло веќе добил бројни смртни закани за кои тврди дека доаѓаат директно од луѓе поврзани со Кремљ.
"Доаѓаат во мејлови, пораки, гласовни пораки. Воопшто не се префинети, туку повеќе се како "доаѓаме по тебе" или "што сакаш повеќе, затвор или смрт". Добивам бројни закани од различни извори и различни облици. Тие луѓе се брутални грубијани и ништо нема да ги сопре", вели Браудер.
Еднаш веќе бил предупреден од американската влада дека му се подготвува киднапирање со кое би бил однесен во Русија.
Русија веќе доставила седум барања за негово апсење до Интерпол. Еден бил речиси успешен кога Браудер во јуни бил уапсен во Шпанија, кога одел на состанок со обвинител кој истражувал перење на пари. Бил спасен кога од полициското возило пратил два твита. За два часа налогот за апсење бил поништен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До март најверојатно ќе се реализираат две линеарни зголемувања на пензиите, најави Мицкоски
-
Мицотакис: Ги предупредуваме нашите северни соседи, не почнавте добро, престанете да правите сметка без крчмарот
-
Претседателката Сиљановска Давкова го прими кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо
-
Изет Меџити ќе биде прв заменик претседател на Владата
-
За септември одложен почетокот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово
-
Се заканувал на странска амбасада - Кривична пријава за прилепчанец
-
ЦУК: Заглавена екипа на Брза помош со пациент во лифт
-
До петок нестабилно време со дожд и грмежи, за викендот стабилно и топло