Македонија
31. December 2017 - 9:37

Несреќа кај Кавадарци: Автомобил излетал од патот, тешко повреден возачот

Возач бил тешко повреден откако автомобилот со кој управувал, излетал од патот синоќа на патот Кавадарци-Росоман. 
 
Од Брза помош која е во склоп на Здравствен дом Кавадарци денеска информираа дека поради сериозноста на повредите, возачот во придружба на анестезиолог и медицинска сестра, бил префрлен на скопските клиники.