Македонија
14. May 2016 - 12:34

Несреќа на работно место: 25-годишно момче пренесено на Ургентен

Вчера во 17 часот и 45 минути од Итната медицинска помош во полицијата во Куманово било пријавено дека 25-годишниот И.С.  работејќи на објект на улицата „Трета Македонска Ударна Бригада“, паднал и се здобил со повреди опасни по животот.

Истиот како итен случај бил пренесен во Ургентен центар -Скопје на Одделот за трауматологија.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.