Несреќа во Скопје: Две лица тешко повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на град Скопје се случиле вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои пет се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда, во кои со полесни повреди се здобиле две лица.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на велосипед.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број на прекршоци.
Триесет и седум возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, двајца возачи го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи поминале на црвено светло на семафор и седум возачи за време на управување со возилото не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон.
Санкционирани се и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 80 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ и четврто одделение во ОУ „Гоце Делчев“, општина Бутел и во ОУ „Лирија“, општина Чаир.
Со почеток во 10 часот поранешните вработени во ОХИС ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на Владата на Република Македонија.
Со почеток во 19 часот на Националната арена „Флип Втори Македонски“ ќе се одигра меѓународен пријателски фудбалски натпревар помеѓу репрезентациите на Македонија и Бугарија.
Со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, од сообраќајната полиција ќе бидат преземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Средба Мицкоски - Макрон
-
Квалитетот на високото образование зависи само од политичката волја во државата
-
Тема на денот со Марко Бислимовски, претседател на РКЕ
-
Преглед на вестите од светот
-
Орбан домаќин на европските лидери – Мора да се прилагодиме на новата реалност по победата на Трамп
-
Кос бара уставни измени
-
Камала Харис го призна поразот: Веќе се „крчка“ кабинетот на Трамп
-
Опозицијата се уште зборува за предвремени избори