Македонија
18. March 2018 - 12:08

Несреќа во Скопје - прегазени две жени

Голема несреќа се случиила вчера на скопските улици. Како што информира полицијата, вчера во 12:50 часот во Скопје, на крстосницата од улиците „Смилевска“ и „Жеденска“ патничко моторно возило „Мерцедес“ со скопски регистерски таблици управувано 25-годишниот од Л.Ј. од Скопје удрило во 79-годишната Т.К. и 82-годишната Р.А., двете од Скопје. 

Т.К. со возило била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“ каде што од страна на лекар и биле констатирани тешки телесни повреди, a потоа била пратена во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“ каде била задржана на понатамошно лекување. 

Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.