Фудбал
20. October 2018 - 17:58

Несреќен пораз на младите македонски фудбалери (17 год.) од Шпанија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години несреќно, со гол примен во 95. минута загуби со 0:1 од големиот фаворит Шпанија на првиот натпревар од предквалификацискиот турнир за пласман во Елитна фаза на УЕФА кој го организираме на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. 
 
Нашата селекција до 17 години одигра квалитетно и храбро во мечот со една од најдобрите европски репрезентации. Македонија и Шпанија имаа свои шанси за погодок, ние не искористивме убава прилика по ударот на Владан Новевски во првото полувреме, а Салазар Пириз погоди во петтата минута од судиското надополнување за радост на младите репрезентативци на Шпанија.
 
Во второто коло за три дена, Македонија ќе се соочи со Израел од 15:15 часот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, а од 11:00 часот Шпанија игра со Фарските Острови.
 
На првиот дуел од нашата група, Израел славеше со 6:0 против Фарски Острови.