Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го пофали индискиот пилот на „Флајдубаи“, кој вчера беше нападнат од копилотот во авион со голем број израелски патници, нарекувајќи го херој.
Нетанјаху на „Икс“ ја истакна храброста на капетанот Смит Мачар, посочувајќи дека, иако бил избоден со нож и сериозно повреден, пилотот успеал да му се спротивстави на напаѓачот, да ја отвори вратата од кабината и да им овозможи на патниците и членовите на екипажот да го совладаат.
Според Нетанјаху, со својата храбра реакција пилотот спречил можна голема авионска трагедија и помогнал да се спасат животите на 174 лица, меѓу кои и израелски државјани, како и патници од други земји.
„На капетанот Мачар му посакувам брзо и целосно закрепнување. Тој е вистински херој“, порача Нетанјаху.
Ново на Сител
-

Урбан Драјв Фестивал на Мото Илинден за поголема безбедност на моторциклистите
-

Тема на денот со Масар Омерагиќ, претседател на ФФМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Реакции на посетата на Фон дер Лајен
-

Бугарија ги пречека останките на Цар Самоил со државни и воени почести
-

Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
-

Минчев од Националната академија за јавна администрација на Италија
-

Продолжува пензионерскиот „бунт“ во Свети Николе
