Нетанјаху го предложи Трамп за Нобелова награда за мир

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека го номинирал американскиот претседател Доналд Трамп за Нобелова награда за мир, предавајќи му копија од писмото испратено до Нобеловиот комитет.
– Додека зборуваме, тој носи мир од земја во земја, од регион во регион, рече Нетанјаху на почетокот на официјалната вечера со Трамп во Белата куќа.
Тој додаде дека Израел соработува со САД за пронаоѓање држави кои би можеле да им понудат подобра иднина на Палестинците.
На прашање за евентуалното преселување на Палестинците, Трамп одговори дека гледа подготвеност за соработка од соседните земји на Израел.
Нетанјаху истакна дека Израел е подготвен на мир со оние палестински соседи што не сакаат негово уништување, но задржува суверено право да ја брани својата безбедност.
За евентуална промена на режимот во Иран, Нетанјаху изјави дека тоа зависи од самите Иранци.
Ново на Сител
-

Од полноќ поевтин дизел, поскапување на бензинот
-

Казината и обложувалниците се селат на 500 метри од училиштата, усвоен Законот за игри на среќа
-

Подната фонтана на плоштадот се враќа во функција по повеќе од 10 години запуштеност
-

Пет колапси на жештините денес во Скопје, докторите апелираат да не се излегува од 11 до 17 часот
-

Остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата, продолжува поддршката за нови авиолинии - Мицкоски
-

Пронајдено безживотното тело на познат скопски бизнисмен Марјан Јованов во базен
-

УХМР од утре најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Црвениот крст на град Скопје со мобилни тимови на терен поради најавените топлотни бранови
