Нетанјаху: Хезболах би направил грешка доколку реши да војува против Израел

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска го предупреди либанскиот Хезболах дека ќе ја направат најголемата грешка во животот доколку решат да војуваат против Израел.
„Ќе удриме со таква сила што тие не можат да замислат и тоа ќе биде погубно за државата Либан“, рече Нетанјаху за време на посетата на израелските војници на северот на земјата.
Израелската армија денеска го обвини Хезболах дека е за воена ескалација со ризик да го вовлече Либан во војна, по новите судири на границата каде тензиите се високи по нападот на палестинскиот Хамас во Израел на 7 октомври.
„Хезболах го напаѓа и го вовлекува Либан во војна од која нема да има корист, но ризикува да загуби многу“, изјави портпаролот на израелската војска Џонатан Конрикус на социјалната мрежа Икс.
Меѓународната заедница стравува од „прелевање на војната“ што започна на 7 октомври меѓу Хамас и Израел и учество на други стрни, особено Хезболах, кој е сојузник на палестинското исламистичко движење Хамас.
Ново на Сител
-

Од утре облачно и посвежо со повремен дожд, а на планините снег
-

Талентите на ФК Водно блеснаа во Шпанија, генерации 2013 и 2015 шампиони на “Овиедо Куп“
-

Речиси една петтина од француските бензински пумпи останаа без гориво
-

ДЗР: Низок процент на опфат на скрининзите за рак на дојка и матка
-

Герасимовски: Почна реконструкцијата на улицата „Ленинова“, воведен привремен режим на сообраќај
-

Апелација ја укина двегодишната казна затвор за Лидија Димова
-

Голема полициска акција на МВР за трговија со кокаин, претреси на 15 локации
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
