Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома, живи или мртви
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека е „посветен“ на враќање на преостанатите заложници дома, откако претходно денеска беше објавено дека израелските сили ги пронашле телата на тројцата заложници киднапирани од палестинската милитантна група Хамас.
Тој истакна дека неговото срце е „скршено“ од веста дека се пронајдени телата на Јицак Гелерентер, Амит Бускил и Шани Лук, пишува „Тајмс оф Израел“. „Мојата сопруга Сара и јас тагуваме со семејствата.
Ќе ги вратиме сите заложници – и живи и мртви. Им честитам на нашите храбри сили кои со решителна акција ги вратија нашите синови и ќерки дома“, рече Нетанјаху.
Претходно денеска портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари изјави дека се пронајдени телата на тројцата заложници киднапирани на музичкиот фестивал „Супернова“ во близина на кибуцот Реим утрото на 7 октомври, од каде биле однесени во областа Мефалсим.
Хагари вели дека таму биле убиени од членови на Хамас, а нивните тела потоа биле префрлени во Газа.
Меѓу пронајдените тела на заложниците е и телото на германско-израелската државјанка Шани Лук (22), која стана симбол на бруталниот напад на Хамас на музичкиот фестивал.
Војската ги идентификуваше другите две тела на 28-годишната Амит Бускила и 56-годишниот Јицак Гелерентер.
Ново на Сител
-
Во Штип мирен марш за загинатите во трагедијата во Кочани
-
За 24 осомничени лица за трагедијата во Кочани определен 30 дневен притвор
-
Омерагиќ: Приходот од влезниците за мечот со Велс ќе биде дониран за настраданите во Кочани
-
Тринаесет лица повредени во Париз во потера по автомобил кој одбил да застане
-
Ромската фондација за Европа одлучи да донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани
-
Модриќ сака да остане во Реал Мадрид уште една година и да се пензионира во дресот на „белите“
-
Папата Франциск утре ќе биде пуштен од болница
-
Почина Светлана, внуката на Јосип Броз Тито