Нетанјаху се согласува со прекин на огнот, но војниците ќе останат во јужен Либан

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вечерва го потврди 10-дневниот прекин на огнот во конфликтот на Израел со либанската милиција Хезболах, поддржана од Иран, но рече дека израелските војници ќе останат во „засилена безбедносна зона“ во јужен Либан, јави ДПА.
„Се согласив на привремен прекин на огнот од 10 дена“, рече Нетанјаху во видео порака по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека договорил примирје меѓу Израел и Либан.
Целта е да им се даде шанса на разговорите за мировен договор со Либан, кои започнаа со состанок на претставници од двете земји во Вашингтон во вторникот, рече Нетанјаху.
Израел има две главни барања: разоружување на Хезболах и договор за траен мир меѓу двете држави, нагласи премиерот, пренесува германската агенција.
За време на прекинот на огнот, израелската армија ќе остане во „засилена безбедносна зона“ во јужен Либан, рече Нетанјаху.
Тој рече дека зоната се протега од Медитеранот до сириската граница и е широка околу 10 километри. Според Нетанјаху, намерата е да се заштитат градовите во северен Израел од нападите на Хезболах.
„Имаме можност да склучиме историски мировен договор со Либан“, рече Нетанјаху.
Израелскиот премиер потврди дека Трамп ги поканил него и либанскиот премиер Џозеф Аун на разговори за таков договор, како што објави Трамп на социјалните мрежи.
Оваа можност постои само затоа што Израел постигна фундаментална промена во рамнотежата во борбата против Хезболах во последните години, рече израелскиот лидер.
МИА
Ново на Сител
-

Договореното примирје со Израел се слави во Либан, ОН повикуваат на трајно решение
-

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години
-

Нетанјаху се согласува со прекин на огнот, но војниците ќе останат во јужен Либан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
-

Полицијата на Илиноис добила дојава за бомба во куќата на братот на папата Лав
-

Генерал Кејн: САД за три дена вратија 13 бродови кои се обидоа да ја пробијат блокадата на Ормуската Теснина
-

Војната во Иран ја турна инфлацијата во еврозоната на 2,6 отсто, највисоко ниво од јули 2024 година
