Нетанјаху: Војната против Иран нема да трае со години, но ќе потрае „извесно време“

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека војната на САД и Израел против Иран би можела да потрае „извесно време“, но дека нема да трае со години.
Воздушната војна на САД и Израел против Иран почна со напади врз Техеран во саботата, во кои беше убиен иранскиот врховен водач Али Хамнеи, што поттикна иранска одмазда против Израел и ракетни напади врз арапските земји со американски воени бази низ Блискиот Исток.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, првично процени дека војната ќе трае четири до пет недели, но додаде дека би можела да потрае и подолго.
Нетанјаху ја отфрли можноста конфликтот да трае со години, како претходните војни во регионот.
– Реков дека би можела да биде брза и одлучна. Можеби ќе потрае извесно време, но нема да трае со години. Тоа не е бесконечна војна, рече Нетанјаху во емисијата „Hannity“ на Фокс Њуз.
Нетанјаху изјави дека на војната гледа како на можност за траен мир на Блискиот Исток, вклучително и меѓу Израел и Саудиска Арабија.
Тој кажа дека војната на САД и Израел против Иран создава услови иранскиот народ да ја собори својата влада.
– Секако, на крајот останува на народот на Иран да ја промени владата, но ние создаваме – Америка и Израел заедно создаваме – услови тоа да го направат – рече израелскиот премиер.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ
-

САД ги олесни санкциите против Иран – Израел најави пожестоки напади
-

Влада утре ќе носи мерки
-

Неизвесност со производството на домашна храна во Македонија, како и со нејзината цена
-

СДСМ: Профитира бизнисот на Мицкоски
-

Пронајдено безживотно тело во атарот на Зрновци
-

Недостиг од кадар, пари и доверба - предизвици за обвинителот Савески
-

СЗДМ - сензори за сите лица со дијабет тип 1, вложувања во превенција и рана детекција
