-->
-->
„НетПрес“: Познат скопјанец уапсен за „дилање“ кокаин
-->
Познат скопјанец, заедно со уште две лица, уапсен е вечерва од полицијата, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко, дознава Нетпрес неофицијално од полициски извори.
-Нашите информации од скопската полиција велат дека криминалната група, организирана од скопјанецот, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче“. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери, пишува Нетпрес.
Полициски извори за НетПрес велат дека осомничениот кој вечерва е приведен и е организаторот на групата е Сеат Р., поранешен сопственик на дискотеки и кафулиња низ Скопје, и брат на бивш пратеник на опозицијата во македонското Собрание. Истрагата на скопските полицајци утврдила дека тој ги ангажирал лицата Дејан М., со прекар „Пенчо“ и Мики З. за да го продаваат кокаинот. По продажбата на дрогата на наркозависници, овие двајца осомничени редовно го известувале Сеат Р. за парите, кои ги заработувале, велат извори во МВР, инволвирани во истрагата.
-Според нив, исто така утврдено и дека извесно лице Маријан, со прекар „Мака“, посредувало во вршењето продажба на кокаин. Истрагата на полицијата утврдила дека тој го известувал Сеат Р., кога имало побарување на кокаин од одредени муштерии, ја вршел продажбата, а дел од парите ги задржувал за себе, пишува Нетпрес
Неофицијално, МВР утре ќе излезе со целосни информации околу овој случај.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се претставувал како јавен обвинител и барал пари за да ги спаси од притвор - Kривична за маж од Гевгелија
-
Тошковски: Нови моторни возила за дел од едниците на полицијата, ја опремуваме цела македонска полиција
-
Кривичен ја одби жалбата на одбраната на Артан Груби за мерката притвор
-
Украина доби една милијарда долари од Велика Британија и Јапонија како дел од програмата на Светска банка
-
Кривична пријава за сопственик и за правно лице за „даночно затајување“
-
Изгаснат пожарот во Ајфелова кула - Евакуирани над 1200 лица | ВИДЕО
-
Укинати забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка - ГП „Деве Баир“ и Кратово - Пробиштип
-
Со пренамена на средства до бесплатен автобуски превоз за студенти во 2025 година