Неуспешен првиот обид на Велка Британија да лансира своја ракета во земјината орбита

Неуспешен беше првиот обид на Велика Британија да лансира сопствена ракета во земјината орбита, поради „аномалија” за време на летот, јави агенцијата ДПА.
По полетувањето од Корнвол, „Боингот 747″ на „Virgin Orbit” наречен „Козмик Грл” што ја носеше ракетата, прелета 10,7 километри над Атлантскиот Океан од каде беше лансирана ракетата со девет мали сателити.
Организаторите на лансирањето за мисијата „Start Me Up” соопштија дека ракетата не успеала да стигне до орбитата.
„Се чини дека има аномалија што ја спречи ракетата да стигне до орбитата. Ги анализираме сите информации. Кога ќе дознаеме повеќе… ќе ги споделиме”, се посочува во серијата пораки што преку Твитер ги објави „Virgin Orbit”.
Додека инженерите се обидуваат да откријат што тргна наопаку, авионот безбедно се врати во Корнвол.
Авионот е наречен „Козмик Грл” по хитот на Ролинг Стоунс од 1981 година
Ново на Сител
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
-

Наводи за мобинг во кумановскиот суд - Судскиот совет ја прифати претставката
-

Рокот на спорните серии на БСЖ во Македонија истекол во јуни годинава - нема ниедна несакана реакција
-

Вакцинацијата против грип ќе почне кон крајот на октомври
-

Измени за Законот за животна средина
