Неутешната ќерка на Јелена прашува: Каде е мајка ми, кога ќе се врати?

Зоран по цел ден е дома со ќерката Јана, а ноќе работи во студио. Се труди ништо да не и недостасува, често ја води и на прошетка низ град.
-Тато, каде е мојата мајка, кога конечно ќе се врати? Вака речиси секојдневно го прашува петгодишната Јана Марјановиќ својот татко Зоран.
Од 2. април кога исчезна и брутално е убиена пејачката на „Гранд“, времето како да застана за ова семејство, а најмногу за малечката Јана.
-Таткото Зоран, неговите домашни како и мајката на Јелена, Зорица прават се да и ја ублажат болката и недостасувањето на мајката. Зоран по цел ден е со Јана, додека ноќе работи во студиото, вели роднина ан семејството и додава:
-Јана многу често прашува за мајката, главно кога ќе се врати, кога ќе ја бања и кога ќе и прави плетенки.
Соговорникот додава дека Марјановиќи неодамна добиле нов член:
-Зоран и донесе на Јана папагал ара. Голем и преубав. Јана е воодушевена од новиот миленик и поголем дел од времето го минува со него, вели соговорникот.
Поминаа повеќе од 160 дена од убиството на пејачката, но убиецот не е пронајден.
Ново на Сител
-

Две лица спасени од водите на Охридското Езеро
-

Арената во спортскиот центар „Борис Трајковски“ се ребрендира во „Т арена“
-

Преглед на вестите од светот
-

Клековски: Епидемијата во Гостивар се смирува
-

Регионалната депонија кај Новаци готова до крајот на 2027 година
-

Од утре започнува топлотен бран, како да се заштитиме?
-

Колкава е опасноста од пајак црна вдовица во Македонија?
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство

