Балкан
18. December 2023 - 14:48

Неутрализирана активна бомба пред седиштето на полициска единица во Атина

Експлозивен механизам денеска бил поставен во близина на седиштето на полициската единица за чување на редот (МАТ) во Атина, а по добиениот анонимен и предупредувачки повик, бомбата била неутрализирана, јави дописничката на МИА од Атина.

Од полицијата соопштија дека во 12:29 часот биле известени од грчки весник дека добиле снимена порака во која било пријавено дека е поставена бомбата што ќе експлодира за 45 минути, по што веднаш бил затворен целиот простор, пронајден експлозивниот механизам во простор со дрвја, по што следела и деактивацијата.

Во поширокиот дел каде што била поставена бомба, освен седиштето на полициската единица е и универзитетсикот кампус, но и простор со голем број минувачи.

Експлозивниот механизам бил испратена до Управата за криминалистички истраги, а прелиминарна истрага врши Антитерористичка служба.