Живот
13. October 2017 - 15:28

Неверните откриваат кои жени ги бираат за изневерување - и не е тоа што мислите

Иако повеќето сметаат дека таа друга жена е некое фатално битије, всушност не е . Таа најчесто е некоја која ја знаете, а вашиот партнер ја знае уште подобро. И го планирал тој излет... 
 
Неверните мажи откриле како ги бираат жените со кои имаат секс. Тој процес на одбирање на жени не е случаен, тие од тоа размислуваат и однапред го планираат, открива онлајн истражувањето за запознавање на партнер за афера.
 
Од 13000 испитаници, 27 посто мажи признале дека во случаевите се незадоволни од својата врска, па се обидуваат да излезат со колешка од работа. 
 
 Иако „ другата жена“ често ја опишуваат како мистериозна заводница, таа е всушност најчесто некоја која на вас ви е блиска и веројатно сте слушнале за неа од него. Мажите обично за афера бираат жена која од претходно ја познаваат. 
 
Дел од нив сакаат да запознаат некоја нова со која ќе има краток сексуален контакт кои никако не би влиајела на нивната постоечка врска. 
 
Дури 99 посто од мажите откриле дека имале афера или дека сериозно размислувале за започнат една таква врска. 
 
Повеќето  од нив изјавиле дека главниот мотив за барање љубовници  бил сексот кој би ги задоволил нивните потреби. 
 
Своите момчиња или сопрузи ги варале 39 посто од жените, а 35 посто од нив сериозно размислувале за тоа. 
 
Повеќето од жените нивните афери ги започнале веднаш по раѓањето на нивните деца. 
 
Жените кои бараат партнер за афера повеќето гледаат на нивниот изглед, а од нив 43 посто откриле дека аферата била целосна од физички карактер, додека 5 посто изјавиле дека нив ги привлекол маж со кои можат да имаат и интелектуална врска. 
 
Повеќето мажи и жени велат дека аферата била обид да го зачинат својот љубовен живот.