-->
-->
Неверојатно - Леукемија се лечи со...
-->
Научниците тврдат дека дрогата која се користи на ноќните журки ги уништува причинителите за појава на рак на крвните садови.
Модифицираната верзија на популарната дрога за журкање МДМА, попозната како екстази, се покажала како исклучително успешна терапија за неколку вида на рак.
"Можноста да ги лечиме раковите на крвните садови со лек добиен од екстази е навистина возбудлива идеја", рекол доктор Давид Грант, директорот на истражувањето за леукемија и лимфом на една невладина организација која ја финансира новата студија.
Грант уште и појаснил: "Многу видови на лимфом тешко се лекуваат и потребни ни се лекови кои не се толку токсични, кои се делотворно и кои имаат малку нус појави. Потребно е уште да се работи на тоа, но ова истражување е значаен чекор во развивањето на нов силен лек против ракот".
Научниците од Универзитетот во Бирминген уште во 2006 година откриле дека екстазито, некои антидепресиви и некои апчиња за губење на тежината го уништуваат ракот на белите крвни зрнца.
Но дозите за постигнување на тој ефект биле толку високи односно смртоносни за пациентите. Експертите од Универзитетот во Бирминген се поврзале со научниците од Универзитетот во Западна Австралија и почнале да работат на модифицирана верзија на оваа популарна психоактивна супстанца. Заедно успеале да произведат облик на МДМА кој е 100 пати поделотворен во борбата против ракот од обичната верзија.
Екстази - од опасна дрога до делотворен лек
Екстази за прв пст е откриена во 1912 година во лабораториите на германскиот фармацевтски гигант Мерк, кој тогаш не можел да пронајде корисна употреба за таа нова супстанција.
Славниот хемичар и стручњак за психофармакологија доктор Александар Шулфин во 70 - години на минатиот век слушнал од своите студенти за необичните доживувања кои ги имале со помош на МДМА, а меѓу нив и еден студент кој со оваа супстанца го излечил пелтечењето. Шулгин синтетизирал, испробал и набрзо почнал да ја дели на своите пријатели кои почнале да ја користат новата дрога за лечење на депресија, пост - трауматски стресни поремтувања и бројни други психички проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп