-->
-->
Невил сонува победа?!
-->

Гери Невил, од моментот кога е назначен за тренер на Валенсија, со клубот одигра девет натпревари во првенството на Шпанија и сѐ уште нема забележано победа. Лошите резултати ја донесоа Валенсија во долниот дел на табелата, а доколку Англичанецот рапидно не ги промени работите, неговиот тим ќе се бори за опстанок во лигата.
Невил, во неделата, по поразот од Бетис, се соочи и со навивачите, кои се собраа пред клупските простории барајќи негова оставка.
„Не размислувам дека можеме да испаднеме од лигата, туку како да ги свртиме работите во наша корист. Знаете, ова е мојата 30-та прес конференција и секогаш ми го поставувате истото прашање. На навивачите не им требаат зборови, туку дела. Сакам да се фокусирам само на фудбалот и на победите“, им изјавил на шпанските медиуми Невил.
Поранешниот десен бек на Манчестер Јунајтед, на клупата на Валенија го наследи Португалецот Нуно Еспирито Санто.
„Фудбалот е суров спорт. Некогаш победувате кога не играте добро. Ние на неколку натпревари игравме добро, а не победивме. Меѓутоа верувам дека доколку продолжиме да работиме и играме добро, дека победите ќе дојдат“, дополнил Невил.
Валенсија, во Примера, се наоѓа на 14-то место на табелата со 25 освоени бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
-

Анкета: Европејците најмногу ги мачат здравствените и финансиските проблеми
