Невработеноста во Германија на рекордно ниско ниво од обединувањето

Невработеноста во Германија е на најниско ниво од обединувањето на поранешна Источна и Западна Германија во 1990 година, објави денеска германската Федерална агенција за вработување (БА). Во ноември, 2,18 милиони луѓе беа невработени во земјата, со стапка на невработеност од 4,8 проценти.
Во ноември, 24.000 луѓе беа помалку невработени во однос на претходниот месец и 6.000 помалку отколку во истиот месец лани, покажуваат податоците.
„Сегашниот економски пад е се уште забележителен на пазарот на трудот“, изјави шефот на Агенцијата, Детлеф Шеле. „Но, во целина, економијата е робусна“, додава тој.
Со регистрирани 736.000 работни места во Бирото за вработување, побарувачката за работна сила останува голема. Сепак, тоа е за 71.000 работни помала побарувачка отколку во истото време минатата година.
Ново на Сител
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ шири паника
-

Регионален антикорупциски форум во Скопје
-

Генерално чистење на Скопје
